Контролирање на ресиверот користејќи паметен телефон или таблет (SongPal)
„SongPal“ визуелно ја збогатува музиката со екранот на паметниот телефон. Можете да изберете музички/аудиосодржина од вградените функции на различни уреди и паметни телефони, како и интуитивно да контролирате различни поставки.
Назначената апликација за овој модел е достапна и на Google Play и на App Store.
Побарајте „SongPal“ и преземете ја бесплатната апликација за да дознаете повеќе за угодните функции.
Апликацијата за лесно контролирање, „SongPal“, поддржува безжична работа. Таа ви овозможува:
- избор на музичка/аудиосодржина од вградените функции на различни уреди и паметни телефони;
- интуитивна контрола на различни поставки;
- визуелно да ја збогатите музиката со екранот на паметниот телефон.
- Преземете ја апликацијата „SongPal“ на вашиот мобилен уред.
- Отворете „SongPal“ и следете ги упатствата на екранот.
- Поврзете го мобилниот уред со ресиверот преку функцијата NFC или преку рачна работа.
Откако ќе заврши поставувањето, можете да го контролирате ресиверот со помош на „SongPal“.
Забелешка
- „SongPal“ не поддржува iPad.