ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Филмски режим

Можете да ја искористите предноста на опкружувачкиот звук со едноставно избирање на едно од претходно програмираните звучни полиња на ресиверот. Тие го носат возбудливиот и моќен звук на киното во вашиот дом.

HD-D.C.S.:
HD Digital Cinema Sound (HD-D.C.S.) е новата иновативна технологија за домашно кино на Sony, која ги користи најновите технологии за акустична и дигитална обработка на сигнали. Таа се заснова на податоци од прецизни мерења на реакции кои се направени во студио за звучна обработка.
Со овој режим можете да уживате во Blu-ray и DVD-филмовите во вашиот дом, не само преку високиот квалитет на звук, туку и преку најдобриот звучен амбиент, токму онака како што инженерот за звук на филмот замислил при процесот на звучна обработка.
  • Dynamic: Оваа поставка е соодветна за околина која одекнува, но во која изостанува чувство на просторност (апсорпцијата на звук е не доволна). Ја нагласува рефлексијата на звукот и репродуцира звучен ефект на голема, класична кино сала. Со ова се нагласува чувството на пространост на салата и се создава уникатно акустично поле.
  • Theater: Оваа поставка е соодветна за употреба во дневна соба. Го репродуцира одекнувањето на звукот како во кино сала. Најсоодветно е за гледање на содржина снимена на диск Blu-ray кога посакувате атмосфера како во кино.
  • Studio: Оваа поставка е соодветна за во дневна соба со соодветните звучни уреди. Создава репродукција на одекнувањето на звукот кој е создаден кога театралниот звучен извор е прекомбиниран за диск Blu-ray за ниво кое одговара на домашна употреба. Нивото на рефлексија одекнување на звукот се одржува на минимум, а дијалозите и ефектите на опкружувачки звук се живо репродуцирани.
PLII Movie:
Изведува декодирање во режимот Dolby Pro Logic II Movie. Оваа поставка е идеална за кодирање филмови во Dolby Surround. Освен тоа, овој режим може да репродуцира звук во формат со 5.1 канали, кога ќе гледате видеа со натсинхронизација или стари филмови.
PLIIx Movie:
Изведува декодирање во режимот Dolby Pro Logic IIx Movie. Оваа поставка ги проширува Dolby Pro Logic II Movie или Dolby Digital 5.1 на дискретни 7.1 филмски канали.
Neo:6 Cinema (Neo:6 CIN):
Извршува декодирање во режимот DTS Neo:6 Cinema. Изворите кои се снимени во двоканален формат се подобрени до ниво на 7 канали.