Регистрација на уред со TV SideView на ресиверот
Ресиверот можете да го контролирате преку работа на екранот на допир на мобилен уред, таблет уред итн. со инсталиран TV SideView. Треба да го регистрирате вашиот мобилен уред на ресиверот како уред за далечинско управување (само првиот пат).
- Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
- Изберете [TV SideView Setup].
- Изберете [Registration of Devices].
- Изберете [Start].
Ресиверот ќе почне со препознавање на уредите со TV SideView.
Управувајте со уредот со TV SideView за да го регистрирате. Ве молиме да забележите дека ресиверот ќе излезе од регистрацијата ако не се препознае ниеден уред во текот на 30 секунди.
- Изберете [Finish].
Проверка/бришење на регистрираните уреди
За детали, погледнете ги следниве теми:
Забелешка
- До пет уреди со TV SideView може да се регистрираат на списокот на уреди. Ако се веќе регистрирани 5 уреди, уредот не може да се додаде на списокот. Во овој случај, избришете ги непотребните уреди од списокот.
- За да започнете со DLNA-репродукција од уред со TV SideView, уредот треба да е во состојба да го контролира ресиверот во [DLNA Control Permission]. За детали, погледнете „Поставување дозволи за контрола на сите уреди во домашната мрежа (DLNA Control Permission)“.
Сугестија
- Преземете го TV SideView од еден од следниве сервиси во зависност од вашиот мобилен уред:
- Google Play (за мобилни уреди со оперативен систем Android)
- App Store (за iPhone или iPad)