ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Серверот не се појавува во серверскиот список. (На телевизискиот екран се појавува [No server is available])

  • Можеби сте го вклучиле овој ресивер пред да го вклучите серверот. Освежете го серверскиот список.
  • Бидете сигурни дека рутерот или рутерот/пристапната точка за безжичен LAN се вклучени.
  • На серверот може да му се потребни некои поставки за да ја прифати врската од ресиверот. Потврдете дека серверот е правилно конфигуриран. Потврдете дека на ресиверот му е дозволено да прима музика проследувана од серверот.
  • Потврдете дека ресиверот и серверот се правилно поврзани на рутерот или на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. Проверете ги информациите на мрежните поставки.
  • Погледнете ги упатствата за работа за рутерот или рутерот/пристапната точка за безжичен LAN и проверете ја поставката за поголем број на корисници. Обидете се да ја вклучите или исклучите поставката за поголем број на корисници на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.
  • Ако вашиот сервер е софтверска апликација на компјутерот, потврдете ги поставките на пожарниот ѕид и на софтверот за безбедност.