ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Начин 2: Поставување безжична мрежа користејќи го начинот за конфигурација со код PIN за WPS

Можете да воспоставите врска со внесување на PIN (број за лична идентификација) кодот од ресиверот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN, за да ја потврдите автентичноста на врската помеѓу уредите.

  1. Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Internet Settings].
  3. Изберете [Wireless] (*).

    * Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.

  4. Изберете [Manual Registration].
  5. Изберете [WPS PIN].

    Се појавува список со достапните имиња SSID (пристапни точки).

  6. Изберете го саканото име на мрежата (SSID).

    На телевизискиот екран се појавува PIN-кодот (8 цифри) на ресиверот. Оставете кодот PIN да се прикажува додека поврзувањето не е завршено. (Секојпат кога ја изведувате оваа операција се појавува различен PIN-код.)

  7. Внесете го PIN-кодот на ресиверот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.

    Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
    Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.

Забелешка

  • Имињата SSID кои не поддржуваат WPS PIN ќе се појават затемнети и не можат да бидат избрани во чекор 5.

Сугестија

  • WPS (Wi-Fi заштитено поставување) е стандард создаден од Wi-Fi Alliance што ви овозможува лесно и безбедно поставување безжична мрежа.
  • Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.
  • За детали околу внесувањето на PIN-кодот во рутерот/пристапната точка за безжичен LAN, погледнете во упатствата за работа на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.