Начин 1: Поставување безжична мрежа користејќи ја конфигурацијата со WPS-копче за притискање
Ако рутерот/пристапната точка за безжичен LAN има копче WPS, лесно можете да го поврзете ресиверот на Wi-Fi (безжичен LAN) мрежата.
Ако рутерот за безжичен LAN има копче AOSS или друго копче за лесно поставување, тој можеби поддржува WPS. За детали, проверете го упатството за употреба на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN.
- Изберете [Settings] - [Network Settings] од главното мени.
- Изберете [Internet Settings].
- Изберете [Wireless] (*).
Екранот за избор на начинот за добивање на IP-адресата се прикажува на телевизискиот екран.
* Не можете да изберете [Wireless] ако LAN-кабелот е поврзан на ресиверот.
- Изберете [WPS Push].
Ресиверот започнува со барање пристапна точка и прикажува список со најмногу 30 имиња на достапни мрежи (имиња SSID).
- Следете ги упатствата на екранот и притиснете го копчето WPS на пристапната точка.
Порака: [Push the WPS button on the access point within 2 minutes.]
Копче WPS на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN
Ресиверот започнува со поврзувањето на мрежата. За детали, погледнете ги пораките кои се појавуваат на екранот на телевизорот.
Откако поставките на мрежата се завршени, [] засветува на панелот за приказ.
Сугестија
- WPS (Wi-Fi заштитено поставување) е стандард создаден од Wi-Fi Alliance што ви овозможува лесно и безбедно поставување безжична мрежа.
- Погледнете [Information] кога ги проверувате мрежните поставки.