ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Системски потреби за поврзување со безжичен LAN

Потребно е следното системско опкружување за употреба на функцијата за домашната мрежа на ресиверот преку поврзување со безжичен LAN.

Широкопојасна врска

Потребна е широкопојасна врска со интернет за да ги слушате музичките услуги и да го ажурирате софтверот на ресиверот.

Рутер

  • Користете рутер компатибилен со брзина на пренос од 100 Mb/s или поголема за да уживате во содржината на домашната мрежа.
  • Препорачуваме да користите рутер опремен со вграден сервер DHCP (Протокол за динамичко конфигурирање на главниот компјутер).
    Оваа функција автоматски доделува IP-адреси на LAN.

Сервер

Серверот е уред којшто испорачува музичка содржина до DLNA-уредот на домашната мрежа. Уредот што може да се употреби како сервер (компјутер итн.) мора да биде поврзан со домашната мрежа, жичен или безжичен LAN.