Уживање во звукот од телевизорот од звучниците што се поврзани на ресиверот (системска аудиоконтрола)
Функцијата за системска аудиоконтрола можете да ја користите на следниов начин:
- Звукот од телевизорот се емитува преку звучниците што се поврзани на ресиверот ако го вклучите ресиверот додека звукот се емитува преку звучникот на телевизорот. Доколку го исклучите ресиверот, звукот се емитува од звучникот на телевизорот.
- Кога ќе ја прилагодите јачината на звукот на телевизорот, функцијата за системска аудиоконтрола истовремено ја прилагодува и јачината на звукот на ресиверот.
Забелешка
- Кога [Control for HDMI] е поставено на [On], поставките [Audio Out] во HDMI Settings менито ќе се постават автоматски, врз основа на поставките за системска аудиоконтрола.
Сугестија
- Можете да управувате со оваа функција и со помош на менито на телевизорот. За детали, погледнете во упатствата за работа на телевизорот.