ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850
Нема звук од одреден уред.
- Проверете дали уредот е правилно поврзан со соодветните приклучоците на аудиовлез.
- Проверете дали каблите што се користат за поврзување се целосно вметнати во приклучоците на ресиверот и на уредот.
- Проверете ја поставката Input Mode.
- Проверете дали уредот е правилно поврзан со соодветниот HDMI-приклучок.
- Поставките за HDMI на некои уреди за репродукција треба да се конфигурираат. Погледнете во упатствата за работа што се обезбедени со секој уред.
- Проверете дали користите HDMI-кабел со голема брзина кога гледате слики или слушате звук, особено за 1080p, темелен приказ на бои (Deep Colour), 4K или 3D-пренос.
-
Од ресиверот може да не излегува звук додека ГКИ се појавува на телевизискиот екран. Притиснете HOME за да го исклучите ГКИ.
- Аудиосигналите (формат, одмерна фреквенција, бит-должина итн.) што се пренесуваат преку HDMI-приклучокот, може да бидат потиснати од поврзаниот уред. Проверете ги поставките на поврзаниот уред преку HDMI-кабел ако сликата е лоша или ако не излегува звук од уредот.
- Кога поврзаниот уред не ја поддржува технологијата за заштита на авторски права (HDCP), сликата и/или звукот од приклучокот HDMI OUT може да се изобличи или да не се емитува. Доколку е така, проверете ги спецификациите на поврзаниот уред.
- Поставете ја резолуцијата на сликата на уредот за репродуцирање на повеќе од 720p/1080i за да уживате во аудио со висока-бит брзина (DTSHD Master Audio, Dolby TrueHD).
- Резолуцијата на сликата од уредот за репродукција може ќе треба да биде поставена на определени поставки пред да можете да уживате во DSD и во повеќеканален линеарен PCM. Погледнете ги упатствата за работа на уредот за репродуцирање.
- Осигурете се дека телевизорот ја поддржува функцијата за системска аудиоконтрола.
- Ако телевизорот нема функција за системска аудиоконтрола, поставете го [Audio Out] во менито HDMI Settings на:
- [TV+AMP] ако сакате да го слушате звукот од звучникот на телевизорот и од ресиверот.
- [AMP] ако сакате да го слушате само звукот од ресиверот.
- Кога го поврзувате ресиверот на видеоуред (проектор и сл.), може да не излегува звук од ресиверот. Во овој случај, поставете го [Audio Out] на [AMP] во менито HDMI Settings.
- Не можете да го слушате звукот на уред што е поврзан со ресиверот додека телевизорот е избран како влез на ресиверот.
- Проверете дека сте го промениле влезот на ресиверот на HDMI ако сакате да гледате програма на уред поврзана преку поврзување HDMI со ресиверот.
- Сменете го телевизискиот канал ако сакате да гледате телевизиско емитување.
- Проверете дали го избирате правилниот уред или влез кога гледате програма од уред поврзан со телевизорот. Погледнете го делот за оваа операција во упатствата за работа на телевизорот.
- Кога се користи [2ch Analog Direct], звукот не се емитува. Користете друго звучно поле.
- Кога ја користите функцијата Control for HDMI, не можете да ги контролирате поврзаните уреди со помош на далечинскиот управувач на телевизорот.
- Некои уреди и телевизори треба да се постават. Погледнете во упатствата за работа што се обезбедени со секој уред и телевизор.
- Променете го влезот на ресиверот за HDMI влезот поврзан со уредот.
- Проверете дали избраниот приклучок за дигитален аудио влез не е назначен на друг влез.