Користење други приклучоци за аудио/видеовлез (Audio Input Assign)
Можете одново да ги назначите приклучоците за дигитален аудиовлез OPTICAL/COAXIAL на друг влез ако стандардните поставки на приклучоците не соодветствуваат на вашата поврзана опрема.
На пр., кога поврзувате DVD-плеер со приклучокот OPTICAL IN 1 (SAT/CATV) , назначете го приклучокот OPTICAL IN 1 (SAT/CATV) на [BD/DVD].
- Изберете [Settings] - [Input Settings] од главното мени.
- Изберете [Audio Input Assign].
- Изберете го името на влезот кој сакате да го назначите.
- Изберете го приклучокот кој сакате да го назначите на влезот.
Приклучоци за аудиовлез кои може да се назначат
- OPT 1:
- BD/DVD , SAT/CATV (*), GAME, VIDEO , SA-CD/CD
- OPT 2:
- BD/DVD , SAT/CATV, GAME, VIDEO, SA-CD/CD
- COAX:
- BD/DVD , SAT/CATV, GAME, VIDEO , SA-CD/CD (*)
- None:
- BD/DVD (*), SAT/CATV, GAME (*), VIDEO (*), SA-CD/CD
* Стандардна поставка
Забелешка
- Кога го назначувате дигиталниот аудиовлез, поставката Input Mode може автоматски да се промени.
- Едно повторено назначување е дозволено за секој влез.
- Доколку од назначените приклучоците не излегува звук, проверете ги и поставките Input Mode.