ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Избор на јазикот за дигитален пренос (Dual Mono)

Можете да го изберете саканиот јазик кога слушате дигитален пренос со двојно аудио. Ова функцонира само за извори Dolby Digital.

  1. Изберете [Settings] - [Audio Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Dual Mono].
  3. Изберете ја саканата поставка.
    • Main/Sub: Звукот на главниот јазик ќе излезе низ предниот лев звучник, а звукот на подјазикот ќе излезе низ предниот десен звучник, истовремено.
    • Main: Ќе излезе звукот на главниот јазик.
    • Sub: Ќе излезе звукот на подјазикот.