Пропуштање HDMI-сигнали (Pass Through)
Можете да емитувате HDMI-сигнали до телевизорот дури и кога ресиверот се наоѓа во режим на подготвеност.
- Изберете [Settings] - [HDMI Settings] од главното мени.
- Изберете [Pass Through].
- Изберете ја саканата поставка.
- On (*): Ресиверот постојано произведува HDMI-сигнали од приклучокот HDMI TV OUT кога е во режим на подготвеност.
- Auto: Ресиверот произведува HDMI-сигнали до телевизорот од приклучокот HDMI TV OUT кога телевизорот е вклучен, додека ресиверот е во режим на подготвеност.
Sony ја препорачува оваа поставка ако користите телевизор на Sony компатибилен со „BRAVIA“ Sync. Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност, споредено со поставката [On]. - Off: Ресиверот не произведува HDMI-сигнали кога се наоѓа во режим на подготвеност.
Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност, споредено со поставката [On].
* Само за моделите за САД, Канада и Австралија
Забелешка
- [Auto] може да функционира само кога [Control for HDMI] е поставено на [On].
- Кога ресиверот е во режим на подготвеност, индикаторот (вклучено/режим на подготвеност) на предниот панел засветува во килибарна боја ако [Pass Through] е поставено на [On] или [Auto].
- Кога е избрано [Auto], може да треба повеќе време да се произведат сликата и звукот на телевизорот отколку кога е избрано [On].