ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550
Список со пораки по мерења со автоматска калибрација
- Error 30:
Слушалките се поврзани на приклучокот PHONES на ресиверот. Извадете ги слушалките и повторно изведете Auto Calibration.
- Error 31:
Предните звучниците не се правилно избрани. Изберете ги предните звучници со помош на SPEAKERS и повторно изведете Auto Calibration. За детали околу изборот на предните звучници, погледнете „Избор на предните звучници (само за STR-DH750).”
- Error 32, Error 33:
- Звучниците не се откриени или не се правилно поврзани.
- Ниту еден од предните звучници не е поврзан или поврзан е само еден преден звучник.
- Или левиот или десниот звучник за опкружувачки звук не е поврзан.
- Задниот звучник за опкружувачки звук е поврзан само со терминалот SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B R. Доколку поврзувате само еден заден звучник за опкружувачки звук, поврзете го со терминалот SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B L (само за STR-DH750).
- Или предниот висок лев или предниот висок десен звучник не е поврзан.
Оптимизирачкиот микрофон не е поврзан. Осигурете се дека оптимизирачкиот микрофон е соодветно поврзан и повторно изведете Auto Calibration.
Доколку оптимизирачкиот микрофон е соодветно поврзан, но кодот на грешката сѐ уште се појавува, кабелот на оптимизирачкиот микрофон може да е оштетен.
- Warning 40:
Процесот на мерење е завршен и беше детектирано високо ниво на шум. Можеби ќе постигнете подобри резултати ако се обидете повторно со процесот во тивка средина.
- Warning 41, Warning 42:
Влезот од микрофонот е премногу голем.
- Растојанието помеѓу звучникот и микрофонот можеби е премногу мало. Раздалечете ги и повторно изведете го мерењето.
- Warning 43:
Растојанието и положбата на сабвуферот не може да се забележи. Ова може да е предизвикано од шум. Обидете се да го изведете мерењето во тивка средина.