ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Прилагодување на големината на звучниците (Manual Setup)

Можете да ја прилагодите големината на секој звучник (преден лев/десен, преден висок лев/десен (*1), централен, лев/десен звучник за опкружувачки звук и заден лев/десен звучник за опкружувачки звук (*1)).

*1 само за STR-DH750

  1. Изберете [Settings] - [Speaker Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Manual Setup].
  3. На екранот изберете го звучникот за кој сакате да ја прилагодите големината.
  4. Изберете [Size], па притиснете / за да ја прилагодите големината.
    • Large: Доколку поврзете големи звучници кои ефективно ќе репродуцираат бас-фреквенции, изберете [Large]. Обично, изберете [Large].
    • Small: Доколку звукот е со дисторзија или не слушате доволно звучни ефекти кога користите повеќеканален опкружувачки звук, изберете [Small]. Можете да го активирате пренасочувањето на бас и емитувањето на бас-фреквенции за секој канал од сабвуферот или други [Large] звучници.

Забелешка

  • Оваа функција не работи кога се користи [Analog Direct].

Сугестија

  • Поставките [Large] и [Small] за секој звучник определуваат дали внатрешниот звучен процесор ќе го пресече бас-сигналот од тој канал.
    Кога басот е пресечен од некој канал, колата за пренасочување на басот ги испраќаат соодветните бас-фреквенции до сабвуферот или други [Large] звучници.
    Меѓутоа, со оглед на тоа што бас-звукот има определена количина на насочување, најдобро е да не се пресекува ако е можно. Според тоа, можете да поставите дури и мали звучници на [Large] ако сакате бас-фреквенциите да излезат од тој звучник. Од друга страна, ако користите голем звучник, но претпочитате да не се емитуваат бас-фреквенции од тој звучник, поставете го на [Small].
    Доколку целокупното ниво на звук е пониско отколку што претпочитате, поставете ги сите звучници на [Large]. Доколку нема доволно бас, можете да го користите стабилизаторот за да ги засилите нивоата на бас.
  • Задните звучници за опкружувачки звук ќе бидат поставени на истата поставка како онаа на звучниците за опкружувачки звук.
  • Кога предните звучници се поставени на [Small] и централните, звучниците за опкружувачки звук и задните звучници за опкружувачки звук/предните високи (*2) звучници автоматски се поставуваат [Small].
  • Доколку не го користите сабвуферот, предните звучници автоматски се поставуваат [Large].
  • [Size] не може да се постави кога се поврзани слушалките.

*2 само за STR-DH750