ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Слушање FM/AM-радио

Можете да слушате FM и AM-емитувања преку вградениот приемник. Пред операцијата, проверете дали сте ги поврзале FM и AM-антените (воздушни) со ресиверот.

  1. Изберете [Listen] - [FM] или [AM] од главното мени.

    Се појавува FM/AM-екранот.

FM/AM-екран

Можете да ја изберете и управувате секоја ставка на екранот притискајќи /// и .

  1. Индикатор на фреквенција
  2. Tuning +/Tuning -

    Изберете [Tuning +] за да скенирате од станици со пониска до станици со повисока фреквенција, изберете [Tuning -] за да скенирате од станици со повисока до станици со пониска фреквенција. Ресиверот прекинува со скенирање секојпат кога ќе најде станица.

  3. Список со меморирани станици

    Можете да бирате станица со бирање на бројот за меморирана станица од списокот.