Прием на RDS-преноси (само за моделите за Европа и Австралија)
Ресиверот ви овозможува да користите систем со радиоподатоци (RDS) којшто дозволува FM-радиостаниците (*) да испраќаат дополнителни информации заедно со вообичаениот сигнал на програмирање. Овој ресивер нуди погодни RDS-карактеристики, како што е прикажување на името на програмската услуга.
* Сите FM-станици не даваат RDS-услуга, ниту го даваат истиот тип услуги. Ако не сте запознаени со RDS-услугите во вашата област, проверете во вашите локални радиостаници за детали.
- Изберете [Listen] - [FM] од главното мени.
- Изберете станица.
Кога ќе бирате станица којашто дава RDS-услуги, името на програмската услуга се појавува на телевизискиот екран и на панелот за приказ.
Забелешка
- RDS може да не работи соодветно ако станицата што сте ја избрале не го емитува RDS-сигналот или ако јачината на сигналот е слаба.
- Некои букви што можат да се прикажат на телевизискиот екран не може да се прикажат на панелот за приказ.
Сугестија
- Може да ја проверите фреквенцијата додека се прикажува името на програмската услуга, со постојано притискање DISPLAY.