Поврзување уреди со приклучоци HDMI
Поврзете ги уредите со ресиверот како што е илустрирано подолу.
Пред поврзување на каблите, проверете дали сте го исклучиле кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод).
Ако вашиот уред нема приклучок HDMI, погледнете „Поврзување уреди со други приклучоци освен приклучоците HDMI.”
HDMI-кабел (не е обезбеден)
Sony препорачува да користите овластен кабел за HDMI или HDMI-кабел на Sony.
Сателитски приемник, кабелски ТВ-приемник
PlayStation3
DVD-снимач
Плеер за Blu-ray, DVD-плеер
Забелешка
- Ова HDMI-поврзување е пример. Можете да го поврзете секој HDMI-уред со кој било влез за HDMI.
- Влезот BD/DVD има подобар квалитет на звукот. Кога ви треба подобар квалитет на звукот, поврзете го уредот со овие приклучоци и изберете ги како влез.
Сугестија
- Квалитетот на сликата зависи од приклучокот за поврзување. Препорачуваме да го поврзете уредот преку HDMI-поврзување ако има приклучоци HDMI.