ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Уживање на јасен звук со ниско ниво на јачина (Night Mode)

Оваа функција ви овозможува да уживате во кино средина со ниско ниво на јачина на звукот. Кога гледате филм доцна во ноќта, можете да го слушате дијалогот дури и кога звукот е намален. Оваа функција може да се користи со други звучни полиња.

  1. Изберете [Settings] - [Audio Settings] од главното мени.
  2. Изберете [Night Mode].
  3. Изберете [On] или [Off].

Забелешка

  • Ова не функционира кога ќе изберете [Analog Direct].

Сугестија

  • Можете да ја вклучите или исклучите и функцијата Night Mode со помош на NIGHT MODE на ресиверот.
  • Додека е вклучена функцијата Night Mode, басот, високиот тон и нивото на ефекти се зголемуваат, а [D.Range Comp.] автоматски се поставува на [On].