Забелешки за поврзување кабли
- Проверете дали сте го исклучиле кабелот за напојување со наизменична струја (главен вод) пред да ги поврзете каблите.
- Не е неопходно да ги поврзете сите кабли. Поврзете кабли во зависност од достапноста на приклучоци на поврзаниот уред.
- Употребете HDMI-кабел со голема брзина. 1080p, Deep Color (Длабока боја), сликите во 4K или 3D може да не се прикажат правилно ако користите стандарден HDMI-кабел.
- Не препорачуваме користење кабел за конверзија HDMI-DVI. Доколку поврзете кабел за конверзија HDMI-DVI со уред DVI-D, звукот и/или сликата може да се изгубат. Поврзете одделни кабли за аудио или дигитално поврзување, па одново назначете ги влезните приклучоци ако звукот не излегува правилно. За детали, погледнете „Користење други приклучоци за аудио/видеовлез (Audio Input Assign)“.
- Кога поврзувате оптички дигитални кабли, вметнете ги приклучоците право додека не влезат на место.
- Не виткајте ги и не врзувајте ги оптичките дигитални кабли.
Сугестија
- Сите дигитални аудиоприклучоци се компатибилни со мерните фреквенции 32 kHz, 44,1 kHz, 48 kHz и 96 kHz.
Доколку сакате да поврзете неколку дигитални уреди, но не можете да најдете неискористен влез
Погледнете „Користење други приклучоци за аудио/видеовлез (Audio Input Assign).”