Уживање во видео/звук од поврзаниот уред
- Сменете го влезот на телевизорот на влезот на којшто е поврзан ресиверот.
- Притиснете HOME.
На телевизискиот екран се појавува главното мени.
Во зависност од телевизорот, на главното мени може да му треба време за да се појави на телевизискиот екран. - Изберете [Watch] - [Listen] од главното мени.
Списокот со ставки на менито ќе се појави на телевизискиот екран.
- Изберете го саканиот уред.
- Вклучете го уредот и започнете со репродуцирање.
- Притиснете +/– за да ја прилагодите јачината на звукот.
Можете да користите и MASTER VOLUME на ресиверот.
- Притиснете A.F.D./2CH, MOVIE или MUSIC за да уживате во опкружувачкиот звук.
Можете да користите и A.F.D./2CH, MOVIE или MUSIC на ресиверот. За детали, погледнете „Избор на звучно поле (Sound Field).”
Забелешка
- Пред да го исклучите ресиверот, проверете дека е намалено нивото на јачина на звук за да не ги оштетите звучниците.
Сугестија
- Можете да вклучите INPUT SELECTOR на ресиверот или да ги притиснете копчињата за внесување на далечинскиот управувач за да го изберете саканиот уред.
- Можете поинаку да ја прилагодувате јачината на звукот со помош на регулаторот MASTER VOLUME на ресиверот или копчињата +/– на далечинскиот управувач.
За брзо да ја зголемите или намалите јачината на звукот- Брзо свртете го регулаторот.
- Притиснете и задржете едно од копчињата.
- Бавно свртете го регулаторот.
- Притиснете едно од копчињата и веднаш пуштете го.