ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Менување помеѓу дигитално и аналогно аудио (Input Mode)

Кога ќе поврзете уреди со приклучоци за влез на дигитално и аналогно аудио со ресиверот, можете да наместите режимот за влез на аудио на кој било уред или да менувате од еден на друг влез во зависност од типот на материјалот што сакате да го гледате.

  1. Притиснете ги копчињата за влез за да го изберете влезот.
  2. Изберете [Settings] - [Input Settings] од главното мени.
  3. Изберете [Input Mode].
    • Auto: Им дава приоритет на дигиталните аудиосигнали. Доколку има повеќе од едно дигитално поврзување, приоритет имаат аудиосигналите HDMI.
      Доколку нема дигитални аудиосигнали, се избираат аналогни аудиосигнали. Кога ќе биде избран влезот за телевизор, приоритет добиваат сигналите од повратен аудиоканал (ARC). Доколку телевизорот ја поддржува функцијата ARC, се избираат дигиталните оптички аудиосигнали.
    • Optical: Го специфицира влезот на дигиталните аудиосигнали до приклучокот OPTICAL.
    • Coaxial: Го специфицира влезот на дигиталните аудиосигнали до приклучокот COAXIAL.
    • Analog: Го специфицира влезот на аналогните аудиосигнали во приклучоците AUDIO IN (L/R).

Забелешка

  • Во зависност од влезот, на телевизискиот екран може да се затемни [Input Mode] и не може да се бираат други режими.
  • Кога се користи [Analog Direct], аудиовлезот е поставен на [Analog]. Не можете да изберете други режими.

Сугестија

  • На ресиверот можете да користите и INPUT SELECTOR за да го изберете влезот во чекор 1.