ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550
Забелешки за USB-уредите
- Не отстранувајте го USB-уредот за време на работа. За да избегнете оштетување и загуба на податоците на USB-уредот, исклучете го ресиверот кога поврзувате или отстранувате USB-уред.
- Не поврзувајте USB-уред со ресиверот преку USB-центар.
- Кога USB-уредот е поврзан, ќе се појави [Reading].
- Може ќе бидат потребни 10 секунди пред да се појави [Reading] во зависност од типот на поврзаниот USB-уред.
- Кога е поврзан USB-уредот, ресиверот ќе ги чита сите датотеки на USB-уредот. Доколку има многу папки или датотеки на USB-уредот, може ќе биде потребно долго време за да заврши читањето на USB-уредот.
- Ресиверот може да препознае до
- 256 папки (вклучувајќи ја и папката [ROOT]).
- 256 аудиодатотеки во секоја папка.
- 8 нивоа на папки (структура на датотеки како дрво, вклучувајќи ја и папката [ROOT]).
Максималниот број на аудиодатотеки и папки може да се разликува во зависност од структурата на датотеката и папката. Не меморирајте други типови датотеки или непотребни папки на USB-уредот.
- Компатибилноста со сите кодирачки/творечки софтвери, уреди за снимање и медиуми за снимање не може да се гарантира. Некомпатибилните USB-уреди може да произведат шум или испрекинато аудио или воопшто да не репродуцираат.
- Може да биде потребно некое време за да започне репродуцирањето кога:
- структурата на папката е сложена.
- капацитетот на меморијата е надминат.
- Овој ресивер не мора да ги поддржи сите функции обезбедени со поврзан USB-уред.
- Редот на репродуцирање на ресиверот може да се разликува од редот на репродуцирање на поврзаниот USB-уред.
- Ако се избрани папки што немаат аудиодатотеки, се појавува [No track].
- Кога се репродуцира многу долга песна, некои операции може да предизвикаат задоцнување на репродукцијата.