ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Уживање во аудиосодржина што е складирана на уред со BLUETOOTH (само за STR-DH750)

  1. Поставете го уредот со BLUETOOTH на околу 1 метар (3,3 стапки) од ресиверот.
  2. Притиснете BLUETOOTH на ресиверот за да ја изберете функцијата BLUETOOTH.
  3. Задржете две секунди BLUETOOTH за да се активира режимот на спарување на ресиверот.

    [PAIRING] се појавува и [BT] брзо трепка на панелот за приказ. Изведете го чекорот 4 во текот на пет минути. Во спротивно, спарувањето ќе биде откажано. Во овој случај, повторете го чекорот.

  4. Изведете спарување на уредот со BLUETOOTH за да се открие ресиверот.

    За детали, погледнете во упатствата за работа на вашиот уред со BLUETOOTH.
    На екранот на уредот со BLUETOOTH може да се појави список со откриени уреди во зависност од типот на уредот со BLUETOOTH. Овој ресивер се прикажува како [STR-DH750].

  5. Изберете [STR-DH750] на екранот на уредот со BLUETOOTH.

    Доколку [STR-DH750] не е прикажано, повторете го процесот од чекор 1.

  6. Проверете дали поврзувањето е завршено и дека на панелот за приказ ќе засвети [BT].
  7. Започнете репродукција на уредот со BLUETOOTH.
  8. Прилагодете ја јачината на звукот.

    Прво прилагодете ја јачината на звук на уредот со BLUETOOTH. Доколку нивото на јачината на звукот е сè уште ниско, прилагодете го нивото на јачина на звукот на ресиверот.

Откажување на операцијата за спарување

Задржете BLUETOOTH по чекор 3. [CANCEL] ќе се појави на панелот за приказ.

Забелешка

  • Кога ќе се оствари поврзување со ресиверот во чекор 4, изберете го аудиопрофилот (A2DP или AVRCP) на уредот со BLUETOOTH. Доколку уредот со BLUETOOTH не го поддржува профилот AVRCP, нема да можете да изведете репродукција или други операции со ресиверот.
  • Доколку е потребен клуч за пристап на екранот на уредот со BLUETOOTH во чекор 5, внесете [0000]. Клучот за пристап може да се нарекува „Passcode“, „PIN code“, „PIN number“ или „Password“.
  • Можете да спарите до 9 уреди со BLUETOOTH. Ако се спари 10. уред со BLUETOOTH, уредот што е поврзан прв ќе се замени со новиот уред.

Сугестија

  • На некои типови уреди со BLUETOOTH, можете да ја прилагодите јачината на звук со помош на контролите на уредот со BLUETOOTH.
  • Може да го активирате и режимот за спарување на ресиверот на следниве начини:
    • Притиснете OPTIONS додека влезот е поставен на [BLUETOOTH], а потоа изберете [Pair Device].