ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Уживање во звукот од телевизорот од звучниците што се поврзани на ресиверот (системска аудиоконтрола)

Функцијата за системска аудиоконтрола можете да ја користите на следниов начин:

  • Звукот од телевизорот се емитува преку звучниците што се поврзани на ресиверот ако го вклучите ресиверот додека звукот се емитува преку звучникот на телевизорот. Доколку го исклучите ресиверот, звукот се емитува од звучникот на телевизорот.
  • Кога ќе ја прилагодите јачината на звукот на телевизорот, функцијата за системска аудиоконтрола истовремено ја прилагодува и јачината на звукот на ресиверот.

Забелешка

  • Кога [Control for HDMI] е поставено на [On], поставките [HDMI Audio Out] во менито HDMI Settings автоматски ќе бидат поставени врз основа на поставките за системска аудиоконтрола.

Сугестија

  • Можете да управувате со оваа функција и со помош на менито на телевизорот. За детали, погледнете во упатствата за работа на телевизорот.