ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕОРЕСИВЕРSTR-DH750/STR-DH550

Не можете да бирате радиостаници.

  • Проверете дали антените (воздушни) се безбедно поврзани. Прилагодете ги антените (воздушни) и поврзете надворешна антена (воздушна) ако е потребно.
  • Јачината на сигналот на станиците е премногу слаба со автоматско бирање. Користете директно бирање.
  • Осигурете се дека правилно ја поставувате скалата за бирање (кога ги бирате AM-станиците со директно бирање).
  • Ниедна станица не е меморирана или меморираните станици се избришани (кога се користи бирање со скенирање на меморираните станици). Меморирајте ги станиците.
  • Притиснете повеќепати DISPLAY на далечинскиот управувач, така што на панелот на екранот да се појави фреквенцијата.