Поставување други функции на овој производ
-
Smile/Face Detect.
Ги открива лицата на објектите и автоматски го прилагодува фокусот, експозицијата и поставките на блицот и изведува обработка на сликата.
-
Ефект за нежен тен (фотографија)
Поставува ефект кој се користи за рамномерно снимање на кожа во функцијата [Face Detection].
-
Face Registration (New Registration)
Ако однапред регистрирате лица, производот може да го открие регистрираното лице како приоритет кога [Face Detection] е поставено на [On (Regist. Faces)].
-
Face Registration (Order Exchanging)
Кога повеќе лица се регистрирани за давање на приоритет, приоритет ќе му се даде на лицето кое е регистрирано прво. Може да го смените редоследот на приоритет.
-
Face Registration (Delete)
Го брише регистрираното лице.
-
Red Eye Reduction
Кога користите блиц, тој се активира два или повеќе пати пред снимањето за да го намали феноменот на „црвени очи“.
-
Автоматско врамување објект (фотографија)
Кога овој производ открива и снима лица, макро објекти или објекти кои се следени со помош на [Lock-on AF], тој автоматски ја средува сликата во соодветна композиција и потоа ја зачувува.
-
SteadyShot
Поставува дали да се користи функцијата SteadyShot.
-
Намалување шум при долга експозиција (фотографија)
Кога сте ја поставиле брзината на блендата на една секунда или подолго (снимање со долга експозиција), намалувањето на шумот е вклучено за цело време додека е отворена блендата. Со вклучена функција, се намалува зрнестиот шум типичен за долгите експозиции.
-
Намалување шум при висок индекс на ISO (фотографија)
Кога снимате со висока чувствителност ISO, производот го намалува шумот кој станува забележлив кога чувствителноста на производот е висока.
-
Простор на бои (фотографија)
Начинот на којшто боите се претставени преку користење на комбинации од бројки или палета за репродукција на бои се вика „простор на бои“. Просторот на бои може да го измените во зависност од намената на сликата.
-
Grid Line
Поставува дали да биде прикажана решетка. Решетката ќе ви помогне да ја прилагодите композицијата на сликите.
-
Auto Review
Веднаш по снимањето, на екранот може да ја проверите снимената слика.
-
Live View Display
Поставува дали да ги прикаже на екранот сликите изменети од ефектите на компензација на експозицијата, баланс на белата боја, [Creative Style] или [Picture Effect].
-
FINDER/MONITOR
Го префрла прикажувањето помеѓу електронскиот визир и екранот.
-
Release w/o Lens
Поставува дали блендата може да се ослободи кога не е прикачен објектив.
-
e-Front Curtain Shut. (ILCE-7)
Функцијата на електронска предна завеса на блендата го намалува заостанувањето помеѓу ослободувањата на блендата.
-
S. Auto Img. Extract.
Поставува дали да се сочуваат сите слики кои биле снимени постојано во [Superior Auto].
-
APS-C Size Capture
Овој производ снима слики со сензор за слика од 35 mm со полна големина, но исто така може да снима и слики како со сензор со големина APS-C.
-
Shading Comp.
Компензира за засенчените агли на екранот, предизвикано од определени карактеристики на објективот.
-
Chro. Aber. Comp.
Го намалува отстапувањето на боите на аглите на екранот, предизвикано од определени карактеристики на објективот.
-
Distortion Comp.
Компензира за изобличувањето на екранот, предизвикано од определени карактеристики на објективот.
-
Dial / Wheel Lock
Може да поставите дали бројчаникот и тркалото ќе бидат заклучени со притискање и задржување на копчето Fn (функција).
-
Deactivate Monitor
Кога ќе го притиснете копчето на кое му е доделена функцијата [Deactivate Monitor], прикажувањето на мониторот се исклучува.
-
Aperture Preview
Со мониторот или со визирот, може да гледате слика со решетка која се разликува од снимениот резултат.
-
Shot. Result Preview
Со мониторот или со визирот, може да гледате слика со решетка која се разликува од снимениот резултат.