Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Вертикален држач

На овој производ можете да го приклучите вертикалниот држач VG-C1EM (се продава одделно) и да снимате вертикално ориентирани слики. Кога го закачувате вертикалниот држач, најпрвин отстранете го капакот на батеријата. За детали, погледнете во упатството за употреба на вертикалниот држач.

Како да го отстраните капакот на батеријата

Притиснете ја рачката за закачување/отстранување на овој производ истовремено влечејќи го капакот на батеријата настрана.

  • Можете да го закачите отстранетиот капак на батеријата на вертикалниот држач за да не го загубите.
  • Кога вертикалниот држач е закачен на овој производ, преостанатата батерија е прикажана како .

Како да го закачите капакот на батеријата

Вметнете ја дршката на капакот на батеријата во отворот за дршката и лизнете ја надолу рачката за закачување/отстранување за да ја заклучите.

Забелешка

  • Кога вертикалниот држач е закачен, не можете да ги изведувате следниве операции:
    • Полнење на комплетот батерии (ако сакате да го полните комплетот батерии, вметнете го во фотоапаратот, а не во вертикалниот држач).
    • Користење на адаптерот за напојување со наизменична струја AC-PW20 (се продава одделно)