Phase Detect. Area (ILCE-7)
Поставува дали да се прикажат точките на автоматскиот фокус за Phase Detection AF.
- MENU → (Custom Settings) → [Phase Detect. Area] → посакувано поставување.
Детали за ставките на менито
- On:
- Ги прикажува точките на автоматскиот фокус за Phase Detection AF.
- Off (стандардно поставување):
- Не ги прикажува точките на автоматскиот фокус за Phase Detection AF.
Забелешка
- Кога вредноста на решетката е F9,0 или повисока, не може да се користи Phase Detection AF. Достапен е само контрастниот автоматски фокус.
- Phase Detection AF е достапен само со компатибилни објективи. Ако е закачен некомпатибилен објектив, нема да можете да го користите Phase Detection AF. Можно е Phase Detection AF да не функционира дури и со некои компатибилни објективи, како што се објективите кои се купени во минатото и кои не се ажурирани. За детали во врска со компатибилните објективи, посетете ја веб-локацијата на Sony во вашата област или обратете се на вашиот продавач на Sony или овластениот локален сервисен центар на Sony.
- Кога користите адаптер за објективи (се продава одделно) за да закачите објектив со A-приклучок (се продава одделно), не може да се користи Phase Detection AF на овој производ.
- Кога снимате филмови, Phase Detection AF не функционира. Точките на автоматскиот фокус за Phase Detection AF нема да бидат прикажани.