Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

WPS Push

Ако пристапната точка го има копчето WPS, лесно може да ја регистрирате на производот со притискање на копчето WPS.

  1. MENU(Wireless) → [WPS Push].
  2. Притиснете го копчето за WPS на пристапната точка што сакате да ја регистрирате.

Забелешка

  • [WPS Push] работи само ако поставувањето за безбедност на вашата пристапна точка е поставена на WPA или WPA2 и ако пристапната точка го поддржува методот на копче за WPS. Ако поставувањето за безбедност е поставена на WEP или вашата пристапна точка не го поддржува методот на копче за WPS, изведете [Access Point Set.].
  • За детали за достапните функции и поставувања на вашата пристапна точка, погледнете во упатството за употреба на пристапната точка или контактирајте го администраторот.
  • Можно е да не се овозможи поврзување поради условите на опкружувањето, како на пример, типот на материјал на ѕидот или ако има пречки или слаб безжичен сигнал помеѓу производот и пристапната точка. Ако се случи тоа, сменете ја локацијата на производот или поместете го поблиску до пристапната точка.