FINDER/MONITOR
Го префрла прикажувањето помеѓу електронскиот визир и екранот.
- MENU → (Custom Settings) → [FINDER/MONITOR] → посакувано поставување.
Детали за ставките на менито
- Auto (стандардно поставување):
- Кога гледате во електронскиот визир, прикажувањето автоматски се префрла на електронскиот визир.
- Viewfinder:
- Екранот е исклучен и сликата секогаш се прикажува во електронскиот визир.
- Monitor:
- Електронскиот визир е исклучен и сликата секогаш се прикажува на екранот.