Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Поставка за снимање (филм)

Ги избира големината на сликата, стапката на кадри и квалитетот на сликата за снимање филм. Колку е повисока бит-стапката, толку е поголем квалитетот на сликата.

  1. MENU (Camera Settings) → [Record Setting] → посакувано поставување.

Кога [File Format] е поставено на [AVCHD]

60i/50i: Филмовите се снимаат со приближно 60 полиња/сек. (за уреди компатибилни со 1080 60i) или 50 полиња/сек. (за уреди компатибилни со 1080 50i), во режим на преплетување, со аудио Dolby Digital во форматот AVCHD.
24p/25p: Филмовите се снимаат со приближно 24 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 60i) или 25 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 50i), во прогресивен режим, со аудио Dolby Digital аудио во форматот AVCHD.
60p/50p: Филмовите се снимаат со приближно 60 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 60i) или 50 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 50i), во прогресивен режим, со аудио Dolby Digital во форматот AVCHD.


Кога [File Format] е поставено на [MP4]

Филмовите кои се снимени, се снимени во форматот MPEG-4 со приближно 30 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 60i) или приближно 25 кадри/сек. (за уреди компатибилни со 1080 50i), во прогресивен режим, со аудио AAC и формат mp4.

Детали за ставките на менито

Кога [File Format] е поставено на [AVCHD]

60i 24M(FX)*:
50i 24M(FX)**:
Снима филмови со висок квалитет на сликата од 1920 × 1080 (60i/50i).
Бит-стапка: Максимално 24 Mb/s
60i 17M(FH) (стандардно поставување)*:
50i 17M(FH) (стандардно поставување)**:
Снима филмови со стандарден квалитет на сликата од 1920 × 1080 (60i/50i).
Бит-стапка: Просечно 17 Mb/s
60p 28M(PS)*:
50p 28M(PS)**:
Снима филмови со највисок квалитет на сликата од 1920 × 1080 (60p/50p).
Бит-стапка: Максимално 28 Mb/s
24p 24M(FX)*:
25p 24M(FX)**:
Снима филмови со висок квалитет на сликата од 1920 × 1080 (24p/25p). Ова создава атмосфера како во кино.
Bit-rate: Максимално 24 Mb/s
24p 17M(FH)*:
25p 17M(FH)**:
Снима филмови со стандарден квалитет на сликата од 1920 × 1080 (24p/25p). Ова создава атмосфера како во кино.
Bit-rate: Просечно 17 Mb/s

[File Format]:[MP4]

1440×1080 12M (стандардно поставување):
Снима филмови од 1440 × 1080.
Бит-стапка: Просечно 12 Mb/s
VGA 3M:
Снима филмови со големина VGA.
Бит-стапка: Просечно 3 Mb/s

* уред компатибилен со 1080 60i (NTSC)

** уред компатибилен со 1080 50i (PAL)

Забелешка

  • Филмовите со 60p/50p можат да се репродуцираат само на компатибилни уреди.
  • Филмовите снимени со поставувањето [60p 28M(PS)]/[50p 28M(PS)]/[60i 24M(FX)]/[50i 24M(FX)]/ [24p 24M(FX)] /[25p 24M(FX)] во [Record Setting] се претвораат со помош на „PlayMemories Home“ за да се создаде диск за снимање AVCHD. Ова претворање може да потрае долго време. Исто така, не може да создадете диск во оригиналниот квалитет на сликата. Ако сакате да го зачувате оригиналниот квалитет на сликата, зачувајте ги филмовите на диск Blu-ray.
  • За да репродуцирате филмови во 24p/25p на телевизор, телевизорот мора да биде компатибилен со форматите 24p/25p. Ако телевизорот не е компатибилен со форматот 24p/25p, филмовите со 24p/25p ќе се емитуваат како филмови со 60i/50i.