Auto HDR
Го проширува опсегот (градацијата) за да можете да снимате од светли до темни делови со правилна осветленост (HDR: High Dynamic Range). Се снимаат една слика со соодветна експозиција и една поставена преку неа.
- MENU → (Camera Settings) → [DRO/Auto HDR] → [Auto HDR].
- Изберете го посакуваното поставување со користење на левата/десната страна на контролното тркало.
Детали за ставките на менито
- Auto HDR: Exposure Diff. Auto (стандардно поставување):
- Автоматски ја поправа разликата во експозицијата.
- Auto HDR: Exposure Diff. 1.0EV ― Auto HDR: Exposure Diff. 6.0EV:
- Ја поставува разликата во експозицијата врз основа на контрастот на објектот. Изберете оптимално ниво помеѓу 1,0 EV (слабо) и 6,0 EV (силно).
На пример, ако ја поставите вредноста на експозицијата на 2,0 EV, ќе бидат составени три слики со следниве нивоа на експозиција; −1,0 EV, оптимална експозиција и +1,0 EV.
Забелешка
- [Auto HDR] не е достапно за слики RAW.
- Кога режимот на експозиција е поставен на [Intelligent Auto], [Superior Auto], [Sweep Panorama] или [Scene Selection], не можете да изберете [Auto HDR].
- Кога е избран [Multi Frame NR], не можете да изберете [Auto HDR].
- Не можете да започнете со следното снимање сè додека не заврши претходниот процес на снимање.
- Во зависност од условите на снимање и разликата во осветленоста на објектот, може да не го добиете саканиот ефект.
- Кога се користи блиц, оваа функција има мал ефект.
- Кога контрастот на сцената е низок или кога се јавуваат тресење на производот или заматеност на објектот, може да не добиете добри слики HDR. Ако производот открил проблем, на снимената слика се прикажува за да ве информира за оваа ситуација. Снимајте повторно колку што е потребно, посветувајќи внимание на контрастот и заматеноста.