ISO
Чувствителноста на осветлување е изразена со помош на ISO бројот (препорачан индекс на експозиција). Колку е поголем бројот, толку е поголема чувствителноста.
- MENU → (Camera Settings) → [ISO] → посакувано поставување.
Детали за ставките на менито
- Multi Frame NR:
- Комбинира непрекинати снимки за да создаде слика со помалку шум.
- ISO AUTO (стандардно поставување):
- Автоматски ја поставува ISO чувствителноста.
50 / 64 / 80 / 100 / 125 / 160 / 200 / 250 / 320 / 400 / 500 / 640 / 800 / 1000 / 1250 / 1600 / 2000 / 2500 / 3200 / 4000 / 5000 / 6400 / 8000 / 10000 / 12800 / 16000 / 20000 / 25600:
Со зголемување на ISO чувствителноста (изберете голем број), можете да го намалите заматувањето на сликата на темни локации или со објекти кои се движат.
Забелешка
- Избрано е [ISO AUTO] кога ги користите следниве функции:
- [Intelligent Auto]
- [Superior Auto]
- [Scene Selection]
- [Sweep Panorama]
- Кога [ISO] е поставен на вредност пониска од ISO 100, може да се намали опсегот на осветлување на објектот кој го снимате (динамички опсег).
- Колку е повисока вредноста на ISO, толку повеќе шум ќе се јавува на сликите.
- Кога снимате филмови, достапни се вредности на ISO помеѓу ISO 200 и ISO 25600.
Совет
- Можете да го смените автоматски поставениот опсег на ISO чувствителноста во поставувањето [ISO AUTO]. Изберете [ISO AUTO] и притиснете ја десната страна на контролното тркало, а потоа поставете ги саканите вредности за [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum]. Поставувањата [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum] исто така се применуваат кога снимате во режимот [ISO AUTO] под [Multi Frame NR].