Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Режим на придвижување

Може да го поставите режимот на придвижување, како на пример за постојано снимање или снимање со тајмер.

  1. MENU (Camera Settings)[Drive Mode] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Една слика (стандардно поставување):
Снима една слика. Нормален режим на снимање.

Непрекинато снимање:
Снима слики постојано додека притискате и го држите копчето за бленда.

Брзо, приоритетно и продолжено снимање:
Снима слики постојано, со голема брзина, додека притискате и го држите копчето за бленда.

Тајмер:
Снима слика по 10 или 2 секунди.

Тајмер (продолжено снимање):
Снима слики постојано по 10 секунди.

Непрекинати пробни слики:
Снима слики додека го држите копчето за блендата притиснато, а секоја слика има различен степен на осветленост.

Една пробна слика:
Снима одреден број на слики, една по една, а секоја има различен степен на осветленост.

Пробна слика за баланс на белата боја:
Снима три слики, секоја со различен степен на осветленост во зависност од избраните поставување за балансот на белата боја, температурата на бојата и филтерот за боја.

Пробна слика за вредноста на оптимизиран D-опсег:
Снима три слики, секоја со различен степен од вредноста на оптимизаторот на D-опсегот.