Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Exposure Comp.

Кога бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на „0“, може да ја прилагодувате експозицијата под MENU. Врз основа на вредноста за експозиција поставена од автоматската експозиција, можете да ја осветлите или затемните целата слика ако го прилагодите [Exposure Comp.] на позитивната или негативната страна, соодветно (компензација на експозиција). Обично експозицијата автоматски се поставува (автоматска експозиција).

  1. MENU (Camera Settings)[Exposure Comp.] → посакувано поставување.
    Кога бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на „0“, експозицијата можете да ја прилагодувате во опсегот од –5,0EV до +5,0EV.

Забелешка

  • За филмови, можете да ја прилагодите експозицијата во опсег од –2,0 EV до +2,0 EV.
  • Доколку снимате објект во екстремно светли или темни услови или ако користите блиц, можеби нема да добиете задоволителен ефект.
  • Кога снимате, на екранот се јавува само вредност помеѓу –3,0 EV и +3,0 EV со истоветна осветленост на сликата. Ако ја поставите експозицијата над овој опсег, осветленоста на сликата на екранот не го прикажува ефектот, но тој ќе биде забележан во снимената слика.
  • Кога бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на вредност различна од „0“, предност им се дава на поставувањата на бројчаникот за компензација на експозицијата. На пример, ако го поставите [Exposure Comp.] на +5,0EV, но бројчаникот за компензација на експозицијата е поставен на +2,0EV, предност ќе добие поставувањето „+2,0EV“.
    Кога бројчаникот за компензација на експозицијата ќе го поставите на „0“, од поставување кое е различно од „0“, вредноста на експозицијата се префрла на „0“, дури и ако експозицијата била поставена на други поставувања.
  • Кога користите [Manual Exposure] можете да компензирате за експозицијата само кога [ISO] е поставено на [ISO AUTO].