Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Квалитет (фотографија)

Го избира форматот за компресија на сликите.

  1. MENU (Camera Settings) → [Quality] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

RAW:
Формат на датотека: RAW (снима со помош на форматот за компресирање RAW).
Во овој формат на датотека не може да се изврши дигитална обработка. Изберете го овој формат за да обработувате слики за професионални цели на компјутер.

  • Големината на сликата е фиксирана за максималната големина. Големината на сликата не се прикажува на екранот.

RAW & JPEG:
Формат на датотека: RAW (снима со помош на форматот за компресирање RAW). + JPEG
Истовремено се создаваат и слика RAW и слика JPEG. Ова е погодно кога ви се потребни две датотеки од сликата, JPEG за прикажување, а RAW за уредување.

Extra fine:
Формат на датотеката: JPEG
Сликата се компресира во форматот JPEG и се снима со помош на повисок квалитет отколку со [Fine].

Fine (стандардно поставување):
Формат на датотека: JPEG
При снимање сликата се компресира во форматот JPEG.

Standard:
Формат на датотека: JPEG
При снимање сликата се компресира во форматот JPEG. Поради тоа што стапката на компресија во [Standard] е поголема од онаа во [Fine], датотеката во [Standard] е помала од онаа во [Fine]. Ова ќе овозможи повеќе датотеки да се снимат на една мемориска картичка, но квалитетот на сликата ќе биде помал.

Забелешка

  • Доколку сликите не треба да ги менувате со помош на компјутер, препорачуваме да снимате слики во формат JPEG.
  • Не можете да додадете регистрација на DPOF (редослед на печатење) на слики во формат RAW.