Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

Flash Mode

Може да го поставите режимот на блиц.

  1. MENU (Camera Settings) [Flash Mode] → посакувано поставување.

Детали за ставките на менито

Flash Off:
Блицот не работи.
Autoflash:
Светнува во темни средини или кога се снима кон сјајна светлина.
Fill-flash (стандардно поставување):
Светнува секојпат кога ќе ја активирате блендата.
Slow Sync.:
Светнува секојпат кога ќе ја активирате блендата. Снимањето со бавна синхронизација ви овозможува да снимите јасна слика и од објектот и од заднината намалувајќи ја брзината на блендата.
Rear Sync.:
Светнува секојпат кога ќе ја активирате блендата, непосредно пред да заврши експозицијата. Снимањето со задна синхронизација ви овозможува да снимите природна слика на патот на објект во движење како автомобил во движење или човек што пешачи.
Wireless:
Кога користите безжичен блиц, ефектот на засенчување нуди поизразен 3D-изглед на објектот отколку кога се користи закачен блиц. Режимот е ефикасен кога на производот ќе закачите надворешен блиц што е компатибилен со далечинско управување (се продава одделно) и кога снимате со безжичен блиц (се продава одделно) што е поставен настрана од производот.

Забелешка

  • Зададеното поставување зависи од режимот на снимање.
  • Достапниот режим на блиц зависи од режимот на снимање.