Дигитален фотоапарат со заменлив објектив ILCE-7/ILCE-7R

BULB

Може да снимате развлечена слика од движењето на предмет со висока експозиција.

BULB е погоден за снимање развлечена светлина, како огномет.

  1. Поставете го бројчаникот за режим на M (Manual Exposure).
  2. Свртете го задниот бројчаник надесно додека да се означи [BULB].
  3. За да го прилагодите фокусот, притиснете го копчето за бленда до половина надолу.
  4. Притиснете и задржете го копчето за бленда додека трае снимањето.
    Блендата останува отворена сè додека е притиснато копчето за бленда.

Забелешка

  • Препорачуваме да користите статив зашто кај фотоапаратот полесно ќе се јават тресења и блендата побавно ќе се затвора.
  • Колку е подолга експозицијата толку повеќе шум се забележува на сликата.
  • По снимањето, шумот ќе се намали ([Long Exposure NR]) за истото време за коешто блендата била отворена. Меѓутоа, не можете да снимате додека е во тек намалувањето на шумот.
  • Брзината на блендата не може да се постави на [BULB] во следниве ситуации:
    • Кога се активира функцијата [Smile Shutter].
    • Кога се активира функцијата [Auto HDR].
    • Кога [Picture Effect] е поставен на [HDR Painting] или на [Rich-tone Mono.].
    • Кога се активира функцијата [Multi Frame NR].
    • Кога функцијата [Drive Mode] ќе се постави на [Cont. Shooting], [Spd Priority Cont.] или на [Self-timer(Cont)].
    Доколку ги користите горенаведените функции кога брзината на блендата е поставена на [BULB], таа привремено ќе се постави на 30 секунди.

Совет

  • Сликите направени во режимот [BULB] често се замаглуваат. Препорачуваме да користите статив или далечински управувач што е компатибилен со повеќе терминали и којшто има функција за фиксирање на копчето за блендата (се продава одделно).