Користење ставки на MENU
Во овој дел може да дознаете како да ги смените поставувањата поврзани со сите операции на фотоапаратот и како да изведете функции на фотоапаратот вклучувајќи снимање, репродукција и начини на работа.
- Притиснете на копчето MENU за да се прикаже приказот на менито.
-
Изберете ја саканата ставка од MENU со помош на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркало или со вртење на тркалото, па притиснете во средината на контролното тркало.
- Приказот може да се премести директно од чекор 1 на чекор 3, зависно од поставувањето [Tile Menu].
-
Изберете го посакуваното поставување со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркало или со вртење на тркалото, па притиснете во средината на контролното тркало.
Изберете икона на горниот дел од екранот и притиснете ја левата/десната страна од контролното тркало за да се преместите на друга ставка од MENU.
- Изберете ја посакуваната вредност на поставувањето, па притиснете за потврдување.