Создавање дискови Blu-ray
Може да создадете дискови Blu-ray од филмови во AVCHD што се увезени на компјутер. Компјутерот мора да има способност за создавање дискови Blu-ray. Може да се користат дисковите BD-R (без повеќекратно снимање) или BD-RE (со повеќекратно снимање). Не може да се прават снимки со повеќе сесии. За да создавате дискови Blu-ray користејќи го „PlayMemories Home“, треба да е инсталиран назначениот дополнителен софтвер. За детали, погледнете ја следната URL-адреса:
http://support.d-imaging.sony.co.jp/BDUW/
За инсталирање, компјутерот мора да биде поврзан на интернет. За детални постапки, погледнете го делот за помош на „PlayMemories Home“.
Забелешка
- За репродуцирање диск Blu-ray што е создаден користејќи филмови снимени во [60p 28M(PS)]/[50p 28M(PS)], мора да користите уред што ја поддржува верзијата на форматот AVCHD. 2.0.