Send to Smartphone
Може да ги префрлите фотографиите на паметен телефон и да ги гледате. Преземете ја апликацијата „PlayMemories Mobile“ на вашиот паметен телефон од продавницата за апликации.
- MENU → (Wireless) → [Send to Smartphone] → саканата поставка.
- Ако го притиснете копчето (Send to Smartphone) во режимот на репродукција, ќе се појави екранот за поставување на [Send to Smartphone].
- Ако производот е подготвен за преносот, на него се прикажува екранот со информации. Поврзете ги паметниот телефон и производот користејќи ги тие информации.
Начинот на поставување врска помеѓу паметниот телефон и производот се разликува зависно од паметниот телефон.
Детали за ставките на менито
Select on This Device:
Ја избира сликата на производот што ќе се пренесе на паметниот телефон.
(1) Изберете меѓу [This Image], [All Still Images on Date]/[All Movie(MP4) on Date], [All Images on This Date] или [Multiple Images].
(2) Ако изберете [Multiple Images], изберете ги саканите слики користејќи на контролното тркалце, а потоа притиснете MENU → [Enter].
Select on Smartphone:
Ги прикажува сите слики, што се снимени на мемориската картичка на производот, на паметниот телефон.
Забелешка
- Може да ја изберете големината на сликата што ќе се испрати на паметниот телефон од [Original], [2M] или [VGA].
За да ја замените големината на сликата, погледнете ги следните чекори.
- За паметен телефон со Android
Активирајте го „PlayMemories Mobile“ и сменете ја големината на сликата преку [Settings] → [Copy Image Size]. - За iPhone/iPad
Изберете „PlayMemories Mobile“ во менито за поставување и сменете ја големината на сликата преку [Copy Image Size].
- За паметен телефон со Android
- Некои слики може да не се прикажат на паметниот телефон во зависност од форматот на снимање.
- Кога ќе се испратат слики RAW, тие се претвораат во форматот JPEG.
- Не може да испраќате филмови од форматот AVCHD.
- Производот ги споделува информациите за поврзување за [Send to Smartphone] со уред кој има дозвола за поврзување. Ако сакате да го смените уредот што има дозвола за поврзување со производот, ресетирајте ги информациите за поврзување следејќи ги следните чекори. MENU → [Wireless] → [SSID/PW Reset]. По ресетирањето на информациите за поврзување, мора да го регистрирате паметниот телефон повторно.
- Кога [Airplane Mode] е поставено на [On], не може да го поврзете производот со паметниот телефон. Поставете го [Airplane Mode] на [Off].