USB Connection
Го избира соодветниот начин на USB-поврзување за секој компјутер или USB-уред поврзани со овој производ.
- MENU → (Setup) → [USB Connection] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Auto (стандардна поставка):
Автоматски воспоставува масовно складирање или MTP-поврзување, зависно од компјутерот или другите USB-уреди што ќе се поврзат. Компјутерите со Windows 7 или Windows 8 се поврзани со MTP и нивните уникатни функции се овозможени за употреба.
Mass Storage:
Воспоставува поврзување за масовно складирање помеѓу производот, компјутерот и другите USB-уреди.
MTP:
Воспоставува MTP-поврзување за масовно складирање помеѓу производот, компјутерот и другите USB-уреди. Компјутерите со Windows 7 или Windows 8 се поврзани со MTP и нивните уникатни функции се овозможени за употреба. Кај компјутери со друг оперативен систем (Windows Vista, Mac OS X), се прикажува волшебникот за автоматска репродукција и сликите во папката за снимање на производот се увезуваат во компјутерот.
Забелешка
- Ако Device Stage* не се прикажува кај Windows 7 или Windows 8, поставете го [USB Connection] на [Auto].
* Device Stage е екран на менито што се користи за управување со поврзаните уреди, како што е камерата (функција на Windows 7 или Windows 8).