Demo Mode
Кога со фотоапаратот не се ракува определено време, функцијата [Demo Mode] автоматски прикажува филмови снимени на мемориската картичка (демонстрација).
Нормално изберете [Off].
- MENU → (Setup) → [Demo Mode] → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
On:
Ако со производот не се ракува во период од една минута, демонстрацијата со репродукција на филмови започнува автоматски. Се репродуцираат само заштитени филмови AVCHD.
Режимот за гледање поставете го на [AVCHD View] и заштитете ја филмската датотека што има најстар датум и време.
Off (стандардна поставка):
Не ја прикажува демонстрацијата.
Забелешка
- Оваа ставка можете да ја поставите само кога производот се напојува од адаптер за напојување со наизменична струја AC-PW20 (се продава одделно).
- Дури и кога е избрано [On], производот не ја започнува демонстрацијата ако нема филмска датотека на мемориската картичка.
- Кога е избрано [On], производот не се префрла во режим за штедење енергија.