Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Monitor Brightness

Можете да ја прилагодите осветленоста на екранот.

  1. MENU(Setup) → [Monitor Brightness] → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

Auto (стандардна поставка):
Автоматски ја прилагодува осветленоста.

Manual:
Ја прилагодува осветленоста во опсегот од –2 до +2.

Sunny Weather:
Ја поставува осветленоста соодветно за снимање на отворено.

Забелешка

  • Поставката [Sunny Weather] е премногу светла за снимање во затворен простор. За снимање во затворен простор, поставете го [Monitor Brightness] на [Manual].
  • Кога [Monitor Brightness] е поставено на [Auto], не го покривајте сензорот за осветленост со вашата рака.