Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Прикажување слики на телевизор во HD

За да гледате слики што се складирани на производов користејќи телевизор, потребни се кабел за HDMI (се продава одделно) и телевизор во HD што е опремен со приклучокот HDMI.

  1. Исклучете го напојувањето на овој производ како и на телевизорот.
  2. Со помош на HDMI-кабел (се продава одделно), поврзете го приклучокот HDMI на овој производ со приклучокот HDMI на телевизорот.

  3. Вклучете го телевизорот и префрлете го влезот.
  4. Поставете го преклопникот ON/OFF (Напојување) на ON.
    Сликите снимени со производот се појавуваат на екранот на телевизорот.

Совет

  • Овој производ е компатибилен со стандардот „PhotoTV HD“. Ако со помош на кабел за HDMI (се продава одделно) поврзете уреди што се компатибилни со Sony PhotoTV HD, телевизорот е поставен на квалитет на слика погоден за гледање на фотографии и може да се ужива во потполно новиот свет на фотографии којшто ќе ви го одземе здивот.
  • „PhotoTV HD“ овозможува многу детално изразување на суптилните текстури и бои, кое е како фотографија.
  • За детали, погледнете го упатството за работа што се испорачува со компатибилниот телевизор.

Забелешка

  • Не поврзувајте го овој производ на друг уред преку нивните излезни приклучоци. Тоа може да предизвика дефект.
  • Можно е некои уреди да не работат како што треба кога се поврзани на овој производ. На пример, можно е да не емитуваат видео или аудио.
  • Користете кабел за HDMI со логото HDMI или оригинален кабел на Sony.
  • Користете кабел за HDMI којшто е компатибилен со приклучокот HDMI на производот и приклучокот HDMI на телевизорот.