Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Slide Show

Автоматски непрекинато репродуцира слики.

  1. MENU(Playback) → [Slide Show] → сакана поставка.
  2. Изберете [Enter].

Детали за ставките на менито

Repeat:
Изберете [On] за сликите да се репродуцираат во непрекинат циклус или [Off] (стандардна поставка) за производот да го напушти слајд-шоуто откако сите слики ќе се репродуцираат по еднаш.

Interval:
Изберете го интервалот за приказ на сликите помеѓу [1 Sec], [3 Sec] (стандардна поставка), [5 Sec], [10 Sec] или [30 Sec].

За да го напуштите слајд-шоуто во времетраење на репродукцијата

  • За да го напуштите слајд-шоуто, притиснете го копчето MENU. Слајд-шоуто не може да го паузирате.

Совет

  • Слајд-шоуто можете да го започнете само кога [View Mode] е поставено на [Date View] или [Folder View(Still)].