Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Простор на бои (фотографија)

Начинот на којшто боите се претставени преку користење на комбинации од бројки или палета за репродукција на бои се вика „простор на бои“. Просторот на бои можете да го измените во зависност од намената на сликата.

  1. MENU (Camera Settings) → [Color Space] → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

sRGB (стандардна поставка):
Ова е стандардниот простор на бои на фотоапаратот. Користете [sRGB] при нормално снимање, како кога сакате да ги отпечатите сликите без какви било промени.
AdobeRGB:
Ова има широка палета на репродукција на бои. Adobe RGB е ефективен кога голем дел од објектот е живописно зелен или црвен. Името на датотеката на сликата започнува со „_DSC“.

Забелешка

  • [AdobeRGB] е за апликации или печатари кои поддржуваат управување со боите и DCF2.0 опцијата за простор на боја. Може сликите да не бидат испечатени или да не можат да се гледаат во правилните бои, ако користите апликации или печатари кои не поддржуваат Adobe RGB.
  • Кога ги прикажувате сликите што се снимени со [AdobeRGB] на производ или уреди кои не се во согласност со Adobe RGB, сликите се прикажани со ниско заситување.