Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Снимање на основната бела боја во режимот [Custom Setup]

Во сцена када што амбиенталното осветлување се состои од повеќе типови извори на осветлување, се препорачува користење на прилагоден баланс на белата боја заради веродостојна репродукција на белината.

  1. MENU (Camera Settings) → [White Balance] [Custom Setup].
  2. Држете го фотоапаратот/видеокамерата така што белата површина целосно да ја покрива површината за автоматско фокусирање што е лоцирана во центарот, а потоа притиснете на центарот од контролното копче.
    Се прикажуваат калибрираните вредности (температура на боја и филтер на боја).
  3. Изберете го бројот за регистрација со користење на десната/левата страна на контролното тркалце.
    Мониторот се враќа на екранот за снимената информација истовремено задржувајќи го прилагоденото поставување за балансот на белата боја.

Забелешка

  • Пораката [Custom WB Error] означува дека вредноста е повисока од очекуваниот опсег, кога се користи блиц врз објект со премногу светли бои во рамката. Ако ја регистрирате оваа вредност, на екранот за снимената информација пожолтува индикаторот . Можете да снимате во овој момент, но се препорачува повторно да го поставите балансот на белата боја за да добиете поверодостојна вредност за него.