Дигитален фотоапарат DSC-RX10

D-Range Opt. (DRO)

Со делење на сликата на помали површини, производот го анализира контрастот на осветлувањето и сенката помеѓу субјектот и заднината и создава слика со оптимална осветленост и градација.

  1. MENU (Camera Settings) → [DRO/Auto HDR] [D-Range Opt.].
  2. Изберете ја саканата поставка со користење на левата/десната страна на контролното тркалце.

Детали за ставките на менито

D-Range Optimizer: Auto (стандардна поставка):
Автоматски ја поправа осветленоста.
D-Range Optimizer: Lv1D-Range Optimizer: Lv5:
Ја оптимизира градацијата на снимената слика за секоја од поделените површини. Изберете ниво на оптимизација од Lv1 (слабо) до Lv5 (силно).

Забелешка

  • [DRO/Auto HDR] е фиксирано на [Off] кога режимот на снимање е поставен на [Sweep Panorama] или кога се користи [Multi Frame NR] или [Picture Effect].
  • Поставката е фиксирана на [Off] кога е избрано [Sunset], [Night Scene], [Night Portrait], [Hand-held Twilight] или [Anti Motion Blur] во [Scene Selection]. Поставката е фиксирана на [D-Range Optimizer: Auto] кога останатите режими се избрани во [Scene Selection].
  • Кога снимате со [D-Range Opt.] сликата може да биде со шум. Изберете соодветно ниво со проверка на снимената слика, особено кога го подобрувате ефектот.