Дигитален фотоапарат DSC-RX10

Multi Frame NR

Производот автоматски непрекинато снима повеќе слики, ги комбинира, го намалува шумот и ги снима како една слика. Со намалувањето на шумот со повеќе рамки, можете да изберете поголеми броеви на ISO отколку што е максималната чувствителност ISO. Сликата која се снима е една комбинирана слика.

  1. MENU (Camera Settings) → [ISO] [Multi Frame NR].
  2. Притиснете ја десната страна на контролното тркало за да го прикажете екранот со поставки, а потоа изберете ја саканата вредност користејќи ја горната/долната страна на контролното тркалце.

Забелешка

  • Кога [Quality] е поставено на [RAW] или [RAW & JPEG], оваа функција не може да се користи.
  • Блицот, [D-Range Opt.] и [Auto HDR] не можат да се користат.

Совет

  • Можете да го смените автоматски поставениот опсег на ISO чувствителност во поставката [ISO AUTO]. Изберете [ISO AUTO] и притиснете ја десната страна на контролното тркалце, а потоа поставете ги саканите вредности за [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum]. Поставките [ISO AUTO Maximum] и [ISO AUTO Minimum] исто така се применуваат кога снимате во режимот [ISO AUTO] под [Multi Frame NR].